Двете повредени лица од сообраќајната несреќа веднаш пренесени во прилепската градска болница

Сподели го ова:























На 27.10.2023 во 16.33 часот во СВР Битола е пријавено дека на локалниот пат за с.Грешница, Македонски Брод кај место викано „Каменица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.П.(67) од с.Модриште, Македонски Брод, а во кое сопатничка била Л.П.(67) и патничко моторно возило „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(58) од Македонски Брод, во кое сопатничка била М.Н.(44).

По несреќата возачот С.Н., неговата сопатничка М.Н. и сопатничката во другото возило Л.П. се пренесени во болница во Прилеп каде од лекар на Л.П и се констатирани тешки телесни повреди, а на С.Н и М.Н. им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод – информираат од МВР.



Сподели го ова:

Слични објави