БИЗАРНА ТРАГЕДИЈА: Со кабли сакал да го стартува “голфот”, но тoj тргнал и го усмртил

Сподели го ова:
























На 27.08.2023 околу 10.30 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека во месноста викана „Круши“, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М.(58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф“ истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што бил прегазен од возилото.

Од здобиените повреди З.М. починал на лице место. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе. Телото на починатиот е предадено на семејството – информираат од МВР.




Сподели го ова:

Слични објави