Секоја чест! “Иго-Пер-Метал” со вредна донација за прилепската болница

Сподели го ова:





























Компанијата “Иго-Пер-Метал” донираше вредна донација во прилепската градска болница. Станува збор за 26 комплети за детски креветчиња (долни чаршафчиња, јорганчиња, перничиња и огради).

“Огромна благодарност до компанијата Иго-Пер-Метал за несебично донираните 26 комплети за детски креветчиња(долни чаршафчиња, јорганчиња, перничиња и огради). Примерот од оваа компанија треба да го следат и останатите компании во интерес и за доброто на нашите пациенти.
Истотака и неонатолошкото одделение се закити со нова инфузиона пумпа, нов аспиратор и инкубатор. Средствата се обезбедени од донација за предвремено родените бебиња”
– истакнаа од прилепската градска болница.




Сподели го ова:

Слични објави