„Меморија“ пред медиумите ги промовираше новите спотови и нивниот нов гитарист Рубин Димкоски кој “распали” на концертот во Штип
Вчера во просториите на Универзитетот „СКОПЈЕ“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ го промовираа новиот видео спот за песната „За тебе“, а веднаш после тоа ја одржаа првата PRESS конференција за големиот солистички концерт кој ќе се случи кон средината на ноември оваа година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Вчера, покрај премиерата на видото за песната „За тебе“, беа јавно промовирани преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група од 70-ите „Триангл“ и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“ – снимени на недодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип.
Пред претставниците на медиумите, за прв пат јавно беше промовиран и новиот гитарист на групата Рубин Димкоски кој со својот голем талент и енергија, “распали” на големиот концерт кој групата “Меморија” го имаше во Штип.
