Уживајте во сончевиот викенд, бидејќи од понeделник повторно не очекува дожд
Во нашата земја до недела вечер ќе имаме период на стабилно и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат во интервалот од 12 до 20 степени.
Веќе од недела доцна вечерта, како и во понеделник не очекува голема промена на времето проследена со врнежи од дожд и продор на студен бран.