Учениците од ООУ ,,Климент Охридски” ќе уживаат во новата учебната година благодарение на големиот број направени инвестиции во ова училиште
Новата учебна година општина Прилеп ја дочекува максимално подготвено, во нови училници, реконструирани кабинети, хортикултурно уредени дворови. Во ООУ ,,Климент Охридски” инвестициите во образованието значат инвестиција за подобар раст и развој на учениците. Во ова училиште има комплетно нови паркови, кои се прекрасно хортикултурно уредени.
Во училиштето има нов парк позади спортската сала, како и нова ограда на предната страна од училиштето, нов кабинет по информатика, хемија и биологија и нови смарт телевизори.
Исто така извршена е промена на електричната инсталација на првиот кат и адаптиран е простор во подземјето со се добива ефективна пренамена на неискористен простор во нови потребни кабинети за учење, за техничкиот персонал како и нова спортска сала за првачињата. Морам да потенцирам дека заедно со директорите на училиштата кои што ја имаат мојата максиамлна поддршка, ќе продолжиме да работиме во оваа насока и ќе инвестираме буквално во секое училиште, во секоја населба во нашиот град и во секое населено место – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.