Битолчани сплотени како едно-ПОБЕДИ ТОНИ КОЊАНОВСКИ

Сподели го ова:


ВМРО ДПМНЕ заедно со битолчани прославуваа вчера вечерта во Битола по победата на вчерашните локални избори, откако Тони Коњановски официјално победи и во вториот круг. Коњаноски на својата прес конференција истакна дека: „Битола победи. Како во првиот, така и во вториот изборен круг граѓаните на Битола гласаа за промени“, нагласи Коњановски на својата прес-конференција, а откако им се заблагодари на своите битолчани за огромната поддршка, победата ја прославија низ битолски Широк Сокак заедно со неговите сопартијци и граѓаните Битола. Битолчани веќе слават и се надеваат на подобри денови, а веќе низ битолските улици со радост се шушка дека во Битола, прилепчани беа тие кои што ја пренесоа победничката атмосфера од Прилеп во Битола. Имено колку за потсетување, претседателката на Унија на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ирена Стерјовска, заедно со прилепскиот градоначалник д-р Борче Јовчески минатиот викенд ја пренесоа победничката атмосфера од Прилеп во Битола. По тој повод Ирена Стерјовска истакна: “Некогаш меѓуградски ривали , а денес Прилеп и Битола се градовите од југозападна Македонија кои го носат развојот и просперитетот за сите луѓе. Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ е силна поддршка на вистинските и чесни луѓе кои ја препознаваат силата и одлучноста на жената да се вклучи во опшествените текови. Со градоначалникот д-р Борче Јовчески ја пренесуваме победничката атмосфера од Прилеп во Битола и знаеме дека во недела ќе има уште една убава победа за д-р Тони Коњановски!”-истакна Ирена Стерјовска жената која има највисок рејтинг помеѓу жените политичари од нашиот град.





Сподели го ова:

Слични објави