Стерјовска: “Ова е резултатот од таа мудра политика на претседателот Мицкоски”

Сподели го ова:


Претседателката на Унија на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп-Ирена Стерјовска, која воедно е и советник во Советот во Општина Прилеп, по повод вчерашната голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори низ цела наша земја, се огласи на социјалните мрежи со јасна, прецизна и конкретна порака: “Ова е резултатот од таа мудра политика на претседателот Мицкоски! Велеше “јас нема да водам војна со туѓи синови и ќерки, туку со стратегија која секој ќе ја препознае и ќе посака да се приклучи на страната на чесноста и честитоста”!Политиката е шах партија Победува оној кој ги знае своите минимум 3 наредни потези и ги предвидува на противникот од другата страна. Одлично одиграна партија на претседателот, стрпливо, спремен психофизички за губење на одредени шаховски фигури(избори) и на крај шах-мат! Следува очекувано ДОМИНО ЕФЕКТ“-истакна Стерјовска, жената која што како резултат на нејзините политики за доброто на народот, ужива голема доверба не само помеѓу прилепчани, туку и помеѓу граѓаните во нашата земја, па врз основа на ова, граѓаните-а посебно прилепчани очекуваат Стерјовска да биде еден од првите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од четвртата изборна единица, кои што ќе влезат во новиот парламент, а нов парламент и нови парламентарни избори треба да има наскоро-бидејќи народот преку своите гласови тоа го побара на локалните избори кои што вчера завршија со голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.





Сподели го ова:

Слични објави