ПРОДАНОСКИ: Прилеп ве памети, затоа што хероите живеат вечно!

Сподели го ова:
























Денеска, кога се навршија цели 22 години од загинувањето на армиските припадници на Репубика Македонија кај месноста Карпалак, бројни делегации во Прилеп положија свежо цвеќе на спомен обележјето во центарот на градот, кое во чест на бранителите го носи името „Прилепски бранители“ , со цел никогаш да не се заборават хероите и немилиот настан од 2001 година. По повод 22 години од загинувањето на армиските припадници на Репубика Македонија кај месноста Карпалак, претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, денеска се поклони на хероите пред спомен обележјето во центарот на Прилеп, при што истакна:

Две години непребол, 22 години од трагичниот настан во кој загинаа десет наши сограѓани.

Вечна слава на паднатите херои од Карпалак. Вечна слава и вечно сеќавање за Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски и Пеце Секулоски.

Прилеп ве памети, затоа што хероите живеат вечно!” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави