“БЕЛИОТ ПРИЛЕПСКИ ГУЛАБ” – НАЈ ФОТКА ЗА 2022 ГОДИНА
Најчитаниот прилепски информативен портал од страна на прилепчани (според официјалните гугл статистики), како и единствениот прилепски информативен портал кој јавно ПРЕКУ ВИДЕО ги објави реалните бројки на официјалните посети на STANICA.MK – од страна на нашите редовни читатели, спроведи една внатрешна анкета која беше направена помеѓу членовите на нашиот информативен тим во однос на ИЗБОР ЗА НАЈ ФОТКА ЗА 2022 ГОДИНА. Врз основа на нашата богата архива на фотографии и видеа, одлуката беше едногласна, при што за “нај фотка за 2022 година” врз основа на сликите со кои располага нашиот информативен тим, е избрана сликата која во нашата архива е заведена како “БЕЛИОТ ПРИЛЕПСКИ ГУЛАБ”.
Имено, станува збор за фотографија која е превземeна од официјалната страна на Општина Прилеп и истата е направена минатата година за Водици во раните утрински часови во прилепскиот црковен храм св. Благовештение – скоро еден час пред положувањето на крстот во светите води во црковната фонтана во “Стара црква”. На фотографијата е прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој што во рацете држи бел гулаб – симболот на Богојавленските празници.
Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти.