Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска веросиповед денеска го празнуваат празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот. Исто така, овој празник е и празник за духовно и за телесно прочистување.
Празникот Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, каде штој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз.