БЕГАЛЕЦОТ ОД ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР – ГО ФАТИЛЕ, ПА ПОВТОРНО ГО ВРАТИЛЕ: Жител од прилепско уапсен во Битола
На 23.07.2023 на ул.„Боримечка“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ф.(32) од с.Канатларци, прилепско.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправна установа Затвор Прилеп поради бегство од установата.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната – информираат од МВР.