Денес во Општина Битола се одржа состанок со сите Градоначалници од Пелагонискиот плански регион

Сподели го ова:


























Денес во Општина Битола се одржа состанок со сите Градоначалници од Пелагонискиот плански регион, а целта беше градоначалниците да се запознаат со процесот на изработка на Просторен план во Република Македонија и да земат активно учество и придонес во носењето на одлуки, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. По тој повод прилепскиот градоначалник Јовчески истакна: “Спроведување на ваков стратешки документ – Просторен план на Република Македонија е од голема важност и од највисок јавен интерес. Тоа е документ со кој што се одредува основната намена на земјиштето, насоки за уредување и користење на просторот и просторна разместеност на градбите од стопанството и нестопанството, како и насоки и мерки за заштита на животната средина и културното наследство”-истакна прилепскиот градоначалник Јовчески.

Можно е да е слика од 12 луѓе, луѓе што стојат и внатре



Сподели го ова:

Слични објави