Општина Прилеп: Апелираме среќниот пронаоѓач да дојди во просториите на Општина Прилеп со цел да си го подигни поклонот-златен крст

Сподели го ова:




Почеток на една нова и убава традиција во Прилеп. Денес на платото кај градскиот саат со почеток во 11:00 чaсот за прв пат се одржа настанот „На Василица во Прилеп“. Со парче бурек и чаша варено вино и чај кои што поделени на сите присутни гости, денес ден пред празникот Св. Василиј Велики или народски кажано Василица, а воедно и доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар се одбележа настанот кој што предизвика голем интерес кај Прилепчани. Поради тоа што „златната паричка“ не беше најдена во текот на настанот, имајќи предвид дека дел од присутните спакованите буречина си ги зедоја за дома, апелираме среќниот пронаоѓач да дојди во просториите на Општина Прилеп со цел да си го подигни поклонот, златен крст-апелираат од Општина Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави