Аирлија! Во Битола започна реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“

Сподели го ова:






























Денеска во Битола започна реконструкцијата на зградата на поранешното кино „Партизан“, со вкупна вредност од 96.000.000 денари. На самиот почеток на оваа реконструкција, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски кој истакна:

Денеска присуствував на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола. Со вкупна вредност од 96.000.000 денари, проектот претставува значајна инвестиција во културниот развој на нашиот град, а неговата реализација е планирана да заврши до декември 2026 година. Со вакви проекти продолжуваме да градиме посилна културна инфраструктура и да ја враќаме Битола на мапата на значајни културни центри во државата – порача премиерот Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави