КОМПЛЕТНА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ – БИТОЛА

Сподели го ова:






























ОПШТИНА БИТОЛА ВЛОЖУВА ВО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“

“Во изминатиот период, Општина Битола реализира значајни инфраструктурни проекти во СОУ „Таки Даскало“, со цел создавање современи услови за работа и поквалитетно реализирање на наставата.

Реконструирани се спортските терени и училишниот двор, поставени се нови подови во сите училници, извршена е санација на внатрешните скалила и уредување на паркинг просторот со бехатон плочки и електронска рампа.

Училиштето доби нов мебел, училишни табли, информатичка и видео опрема.

Во рамките на енергетската ефикасност, на покривот е поставена фотоволтаична централа со јачина од 40 KW, која целосно ги задоволува потребите на училиштето за електрична енергија.

Реализиран е и проект за замена на сите дотраени врати, а во зградата Блок Б комплетно е реконструирана електричната инсталација.

Со овие инвестиции, општината создава современи услови за настава и работа, потврдувајќи дека вложувањето во образованието останува еден од нашите врвни приоритети” – порачаа од Општина Битола.




Сподели го ова:

Слични објави