21 ГОДИНА ОХРИДСКИ РАМКОВЕН ДОГОВОР: Што добивме, а што изгубивме со Охридскиот рамковен договор?

Сподели го ова:
























Денеска се навршуваат точно 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. И до ден денес, помеѓу македонскиот народ се наметнува прашањето- Што добивме, а што изгубивме со Охридскиот рамковен договор?

“Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците”, се истакнува во документот.

Колку за потсетување, договорот беше потпишан на денешен ден во 2001 година во претседателската резиденција од страна на претседателот на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА- Арбен Џафери, додека пак на договорот свои потписи ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар како и Џејмс Пердју.




Сподели го ова:

Слични објави