АИРЛИЈА: Проданоски најави рехабилитација на прилепските улици во вкупна должина од цели 68.000 квадратни метри
На денешната седница на Советот на Општина Прилеп, покрај другите корисни одлуки во интерес на прилепските граѓани, беше донесена и одлука за користење на бесплатен јавен градски превоз за сите граѓани, и тоа секоја секоја недела.
Исто така, беше соопштено дека наредната година во Прилеп, ќе започне процес на асфалтирање и рехабилитација на улици со вкупна должина од над 60.000м2, а ваквата одлука ќе биде од витално значење за нашата општина. Сето ова не подразбира само експанзија на градот, туку експанзија и развој на градот онака како што заслужува Прилеп.
Претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, веднаш после завршувањето на седницата истакна дека Општина Прилеп во својата сопствена развојна програма ја стави рехабилитацијата на прилепските улици во вкупна должина од цели 68.000 метри квадратни, при што ова досега не се случило во една година да се рехабилитираат толку многу улици:
„Иако бевме критикувани од опозицијата поради оваа одлука, сметам дека ова ќе има позитивен одѕив кај нашите сограѓани. А со започување на градежната сезона ќе почне и ќе заврши изградбата на доводниот цевковод за водоснабдување во населеното место Канатларци, кој од новиот буџет ќе се издвојат 18 милиони денари за непречено водоснабдување „– истакна Проданоски