АИРЛИЈА: Прилепските лозари верни на традицијата, го одбележаа денешниот празник со симболично закројување на виновата лоза
Денеска, 14.02.2023 година се празнува Св. Трифун. Светата Црквата неговиот спомен го празнува на 1-ви (н.ст.14) февруари. Името на светителот доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад.
Денеска во Прилеп, по повод денешниот празник, а во знак на зачувување на долгогодишната традиција, имаше симболично кроење на лозовите насади во Винарија Сарика.
Православниот празник Св. Трифун, кај народот е попознат како заштитник на лозарите, а по тој повод, денес прилепските лозари направија симболично закројување на виновата лоза насекаде во прилепскиот регион.
Сите реакции: