|

25 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА СМРТ: Нема кој не го памети легендарниот Ненад Стојановски

Сподели го ова:


























На денешен ден во 1998 година ненадејно почина познатиот македонски глумец Ненад Стојановски. Ненад е роден е во 1952 година, на 19 август во Скопје. Овој талентиран актер ѝ беше сопруг на глумицата Силвија Стојановска, татко на Ана и на Јана, кои денес се познати актерки.

Улогите во „диво месо“, „Среќна Нова 49“, “Трст виа Скопје“, учеството во „Бушавата азбука“ се само еден многу мал дел од ТВ улогите по кои ќе го паметиме.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија како што се: Наградата „11 Октомври“, две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице, како и награда на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави