АИРЛИЈА: Општина Прилеп стана член на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија
Во Организација на Општина Прилеп и Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) се одржа средба на која учество зедоа туроператорите членки на НАИТМ кои работат дојдовен туризам и претставници на сите чинители од туристичкиот сектор од Прилеп : хотели, сместувачки капацитети од мал обем, ресторани, преставници од здруженија и спортски клубови организатори на настани од авантуристички туризам, туристички водичи, изработувачи и дистрибутери на сувенири и сите останати кои имаат потенцијал да бидат дел од македонската туристичка приказна.
Настанот кој го насловивме „Туристичко кафе“ претставува прва активност од најавената соработка на двата субјекти по неодамнешното зачленување на Општина Прилеп во НАИТМ.
Со зачленувањето во НАИТМ сите настани кои се случуваат во Прилеп и целокупното културно наследство преку туроператорите членки ќе бидат презентирани пред меѓународната јавност, а градот ќе биде ставен на мапата на светската туристичка понуда.
Општина Прилеп преку стратегијата за ЛЕР и годишната програма за култура континуирано дава поддршка и учествува во креирањето на туристичката понуда.
Градоначалниот на Прилеп Борче Јовчески го посети настанот и ја искажа неговата посветеност и идни заложби за развојот на туризмот во Прилеп.
Домаќин на настанот беше Хотел Кристал Палас.