ТРАГЕДИЈА: Пензионер загина одејќи на протестот во Скопје
Денеска пензионерите од повеќе градови, вклучувајќи го и Прилеп беа дел од големиот протес во Скопје. Истите, директно од главниот град се обратија пред министерството за труд, барајќи средба со министерката Тренчевска. На протестот пензионерите бараа минимална пензија од 18 илјади денари, како и повисоки пензии за сите за цели 3 500 денари, а воедно и повисоки надоместоци.
Меѓутоа, денешниот ден беше кобен за еден 77 годишен пензионер, кој што загина одејќи на протестот во Скопје, а за несреќата информираше и МВР:
Денеска околу 09.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, кај зимски пункт Македонија, патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино.
Од здобиените повреди пешакот Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес – информираа од МВР.