| |

Денеска волкот и трите прасиња, ги исполнија срцата на 1600 прилепски посетители

Сподели го ова:


























Денеска, прилепската публика уживаше во детската претстава мјузикл “Трите прасиња” која беше поставена на спектакуларна голема сцена во новата спортска сала во индустриското училиште во Прилеп. Овој детски музички спектакл, беше изведен на огромен простор каде што сцената беше надополнета со голем број на балон (пена) ефекти, чадни ефекти, музички ефекти, професионални маски, и што ли уште не…

Денеска, Волкот и трите прасиња ги исполнија срцата на 1600 посетители во Прилеп. Претставата успеаа да ја гледаат само оние најбрзи кои минатите 10-тина дена дојдоа до карти, а денеска карти немаше “ниту за лек”. Оваа претстава се одигра денеска во два термини од 10:00 и 11:30 часот. По барање на публиката, организаторите ветуваат уште една претстава со трите прасиња, а датумот ќе биде дополнително соопштен, при што истата ќе биде изведена во истата сала, меѓутоа само на големата трибина – без дополнителни sедишта долу на спортскиот терен. Денеска, на крајот од претставата, публиката се сликаше со нивните омилени ликови од цртаните и бајките- трите прасиња, кои со задоволство се сликаа со најмладите во Прилеп. Ако сакате карти за следната претстава со трите прасиња, веднаш може да си резервирате на 078/ 66-77-97.

Како што напоменавме претходно, претставата беше изведена во новата-голема спортска сала во СОУ “Ристе Ристески Ричко” (индустриско училиште), пред се затоа што овој простор е голем, и целосно погоден за ваква спектакуларна претстава, и истиот е целосно соодветен за изведување на претходно наведените атрактивни ефекти кои што целосно ја збогатија детската претстава.




Сподели го ова:

Слични објави