АХИЛ ЈАКОВ: Влогот за учениците е влог за нашата иднина!!
Учениците од ООУ Климент Охридски од Прилеп, повторно освоија високи места на натпреварите ширум светот. По тој повод, на социјалните мрежи се огласи и директорот на ова прилепско училиште Ахил Јаков, при што истакна:
“Од 23 до 25 мај, во Лидо ди Јесоло, Италија се одржаа европските квалификации од Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023.
Нашите ученици повторно беа меѓу најдобрите 83120 учесници од преку 30 земји.
Никола Талевски во категоријата Little Hippo беше рангиран на четврто место.
Анастасија Јагуриноска во категоријата Hippo 1 го освои четвртото место.
Вања Ѓорѓиоски беше рангиран на седмо место во категоријата Hippo 2.
Повторно докажавме дека сме меѓу најдобрите!!!
Важно да се знае:
Овие меѓународни натпревари по принцип се екстремно скапи,и училиштата немаат да го покријат трошокот за учество и пат за учениците и наставниците,ако тука не помогне општината а пред се бизнис секторот на кој бескрајно му сме благодарни… и тоа:
Пост експрес, Ангромеханика,Шула комерц,и Хримакс компани.
Уште еднаш благодарност до нив и апел и охрабрување за другите компании:
ВЛОГОТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ Е ВЛОГ ЗА НАШАТА ИДНИНА!!” – истакна Ахил Јаков, директорот на ООУ Климент Охридски – Прилеп.