Адреналински спектакл во Прилеп! Овој викенд – првата “Топташ родео” трка
Хард Ендуро клубот од Прилеп за прв пат во Македонија а токму во Прилеп организира Хард ендуро трка “ Топташ Родео 2025 “, во сабота на 21-ви Јуни. На настанот се пријавени повеќе од 30-тина учесници кои ќе се натпреваруваат на патеката која организаторот Хард Ендуро – Прилеп ја подготви за овај настан.

Ги покануваме сите кои сакаат да гледаат ваков настан да дојдат во што поголем број. Настанот започнува во 9:00 часот наутро а ќе трае до 18:00 часот – информираат организаторите.
Патеката се наоѓа од задната страна на Топташ. Најлесно се стигнува по асфалтниот пат за манастирот Св. Димитрија –Селце па се исклучувате на макадам патот за Топташ и стартот е на некои 200 метри од асфалтот. На влезот на макадам патот ќе има табла со логото на Хард Ендуро Прилеп со стрелка.
За подетални информации за настанот и за локацијата може да не посетите на нашата Фејсбук страница https://www.facebook.com/profile.php?id=61576578192170
Хард Ендуро –Прилеп изразува посебна благодарност до сите кои со својот допринос, помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија а токму во Прилеп, при што од таму упатуваат благодарност до:
– Витаминка – Прилеп” АД која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.
– Водовод и Канализација Прилеп кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристапен за возила до стартот на патеката
-КДС Кабелнет и Греен Мобиле кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.


















