Започна реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри

Сподели го ова:





























Започна реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри, во реконструкцијата се вклучени и приклучоци за домаќинствата, а вкупната вредност на проектот изнесува 29.349.605 денари.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Министерство за транспорт и врски и Владата на Република Македонија, во рамките на 16 те проекти со кои општината аплицираше до Владата во првиот повик.

Со овој проект, ќе се изврши замена на досегашните азбестно – цементни со полиетиленски HDPE водоводни цевки, со што ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се решат проблемите на жителите од населените места во должина на трасата.




Сподели го ова:

Слични објави