Запалено уште едно возило на командир во затворот

Сподели го ова:























Возилата на вработените кои работат во затворот во Идризово во Скопје, и понатаму се мета на некои непознати лица, а денес настрада и возилото „Рено клио“, кое неофицијално е во сопственост на 50 годишен стражар во затворот.

“На 26.06.2023 во 03.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден биле опожарени гаража и патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(50) од Скопје. Повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчитсување на случајот“ – информираат од МВР.



Сподели го ова:

Слични објави