УТРОВО STANICA.MK НА ТЕРЕН-Прилепските комуналци работат уште од раните утрински часови

Сподели го ова:
















Утрово, нашата информативна екипа на моментално нај-актуелниот информативен портал STANICA.MK направи една обиколка во централното градско подрачје за да види каква е состојбата со хигиената во градот. Празни-исчистени контињери, а отпадоци речиси да нема по улиците…Сето е средено, чисто-онака како што доликува на еден град кој што се стреми кон создавање на европски вредности. Имено, прилепските комуналци го собираат отпадот, ги чистеа прилепските улици, а воедно исто така утрово со вода се чистеше и прилепскиот булевар, се со цел за да продолжи оној континуитет на чист Прилеп кој што трае веќе неколку месеци. Утрово сеуште немаше раздвиженост, бидејќи нашата екипа од 07 часот беше на терен, па како резултат на тоа сеуште беше утро, а кога ги запрашавме прилепските комуналци кои беа на терен за каде брзаат утрово-тие ни рекоа дека “ова е секојдневна практика и дека од рано утро, секој ден го чистат Прилеп, бидејќи целта на Директорот Абрашоски била непрекинат-континуиран работен процес кој што ќе создаде, и веќе создава чист Прилеп, каков што заслужуваат прилепчани. Имено, Рубин Абрашоски веќе неколку месеци е новиот вршител на должност директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески, изборот го направи од постојните вработени во препријатието, каде Абрашоски изминативе 16 години е докажан професионалец во своето работење во струка. Абрашоски е земјоделски инженер и претходно ги извршуваше работните задачи како раководител на Одделението за хортикултура во прилепски комуналец. Во прилог погледнете дел од сликите како прилепските комуналци работат на терен за почист Прилеп. Сликите утрово ги направи нашата информативна екипа:

Image preview
Image preview






Сподели го ова:

Слични објави