Пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката од комшијата кој потоа го пријавил во полиција

Сподели го ова:


























На 29.04.2024 во 10.06 часот во СВР Скопје, Б.П.(47) од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед З.К.(64) од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот.

Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок -информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави