Прилеп – град херој! Прилепчани на 3-ти ноември ќе одбележат 81 година слободен Прилеп
На 3-ти Ноември, прилепчаниќе прославуват 81 година од ослободувањето на Прилеп. Славиме слобода, славиме правда и демократија. Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење.
Без нив, ова ќе беше невозможно. И покрај се, сплотено да го градиме и развиваме нашиот град за подобро утре на сите нас! Да собереме сила, да ја искористиме можноста и да создадеме подобра иднина, за поквалитетен живот, на сите!

Прилеп е Град Херој! Епитет кој гордо го носи веќе 80 години, нераскинливо поврзан со животот на Прилеп, неговото минато, нашата сегашност и иднината на нашите најмили. Заслугата да бидеме Град Херој е на сите кои дале придонес за тоа, особено на паднатите борци, и на 15-те народни херои. Прилепчани отсекогаш го имале своето достоинство, гордоста, но и желбата за слобода, просперитет…















