ТРАГЕДИЈА: Двегодишно девојче во кома по рутинска операција-Операцијата била во приватна клиника а докторката немала лиценца!!!

Сподели го ова:


Станува збор за девојче од Какањ-(Босна) кое паднало во кома откако направило речиси рутинска операција во приватна клиника. Анестериологот во болницата на родителите на девојчето веднаш после операцијата им кажал дека се ќе биде во ред до самиот крај на операцијата, и дека не знае што се случило. Имено, една од двете докторки кои што го оперирале двегодишно девојче од Какањ-Босна и Херцеговина, немала лиценца за работа издадена од страна на Лекарската комора на Кантонот Сараево.Харис Враниќ-Министерот за здравство на Босна и Херцеговина побарал од Лекарската комора информација за лиценците за работа на докторките од приватната офталмолошка ординација каде била извршена операцијата на девојчето, при што веднаш со помош на увид во списокот на лиценцирани доктори е констатирано дека една од двете докторки ја немало на списокот. Друго што е сомнително и спорно во овој немил настан е тоа што сомнителни биле и апаратите во приватната клиника за анестезија кои биле користени во текот на операцијата на девојчето. Најголем проблем е тоа што самите тие законски не биле верификувани.





Сподели го ова:

Слични објави