Нови 23 случаеви од Ковид 19 во Прилеп

Сподели го ова:


Врз основа на последните објавени податоци од страна на Министерството за здравство, за само 24 часа направени се 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 нови случаи на КОВИД-19, од кои 23 нови случаеви има во Прилеп. Според последните објавени податоци, регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 починати лица од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно починато лице од Прилеп (73г), Битола (73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од кои 18 се од Прилеп.Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467, бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.





Сподели го ова:

Слични објави