Александар Вучиќ на српските фудбалерите им подари милион евра!

Сподели го ова:


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го исполни тоа што им го вети на фудбалерите на фудбалската репрезентација на Србија, а тоа е дека доколку ја победат Португалија и се изборат за пласман на Мундијалот ќе ги награди со еден милион евра, имено еве што српскиот претседател им рече на фудбалерите пред самите тие да заминат за Лисабон: “Гледате, не се плашам ако резултатот е поинаков, сепак ќе ве нападнат. Среќно отпатувајте таму-победете, израдувајте го народот. Дојдов да ви кажам колку ги почитуваме вашите напори на теренот, исцрпеноста и во договор со српската влада ќе одвоиме за вас, како дополнителна награда ако ги победите, милион евра за да си ги поделите. Само да видиме колку е важно Србија да ги победи таму. Не можам да кажам да одите таму и да играте, ви велам да одите таму и победите. Ќе го почитуваме секој резултат ако дадете се` од себе“, нагласи Вучиќ. По победата на фудбалерите на Србија, парите биле уплатени на сметката на Фудбалскиот сојуз на Р. Србија. Колку за потсетување, Србија ја победи Португалија со 2:1.





Сподели го ова:

Слични објави