МИЦКОСКИ ОД КРУШЕВО: Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме!

Сподели го ова:





























Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвигот на илјадници кои славната 1903-та година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви.

И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе.

Борбата трае е повеќе од слоган.

Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна држава.

Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме! – истакна премиерот Христијан Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави