ФОТО – ГАЛЕРИЈА: Со спектакуларна забава “Комфи Ангел” – Прилеп одбележа 20 години успешно постоење
“СТАНИЦА.МК” како ПРВА прилепска информативна станица, секогаш ве информира за најновите настани и случувања во градот под Марковите Кули, па врз основа на тоа за само неколку години станавме еден од “двата најчитани прилепски информативни портали”, гледајќи по бројот на ОФИЦИЈАЛНИ следбеници на Facebook!!! Имено, како што објавивме вчера, “Комфи Ангел” – Прилеп одбележа 20 години успешно постоење.
По повод 20 годишниот јубилеј, “Комфи Ангел” вчера им приреди спектакуларна забава на своите вработени и членовите на нивните семјества, кои вчера сите заедно уживаа во одличната забава.
Шлагот на музичката програма беше концертот на незаменливата музичка ѕвезда Калиопи, која заеднички во еден глас пееше со вработените од оваа позната прилепска компанија.
Покрај одличната забава за вработените, менаџментот на Комфи Ангел-Прилеп предводен од сопственичката на компанијата Ирека Јакимовска, не ги заборави ниту дечињата на вработените, при што за нив приреди одличен забавен парк, каде најмладите уживаа и се забавуваа.
“Прославуваме 20 години успешна работа. Веќе две децении, ние се посветивме на изработка на перници, јоргани и штитници за душеци со највисок квалитет, обезбедувајќи добар сон за безброј клиенти ширум светот” – истакнаа од компанијата.
Компанијата “Комфи Ангел” е лидер на пазарот кога станува збор за производството и продажбата на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови на квалитетни постелнини. На социјалните мрежи, честитка до компанијата упатија и од модерниот детски светски бренд – односно Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кои истакнаа: “Честитки за успешното 20 годишно работење на Комфи Ангел! Комфи Ангел е наш пријател и поддржувач на нашето музичко творештво, па како резултат на тоа како лидери во својата работа им посакуваме и понатаму да продолжат со својата огромна посветеност, како и со својот вистински начин на менаџирање” – порачаа од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” .
Информативниот тим на СТАНИЦА.МК упатува искрени честитки до “Комфи Ангел” – Прилеп за нивното 20 годишно успешно постоење, со желби за безброј понатамошни успеси кои и во идина ќе бидат резултат на нивната креативност, посветеност и беспрекорна работа.