ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВААТ СЕПТЕМВРИ: Линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари од следниот месец

Сподели го ова:


























Од септември 2024 година, пензионерите ќе имаат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, а веќе во март 2025 година ги очекува уште едно ново зголемување, за нови 2500 денари. Сето ова подразбира дека до март 2025 година пензионерите на своите сметки ќе имаат нови 5000 денари.

Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари.




Сподели го ова:

Слични објави