| | |

ПРИЛЕП “ЌЕ ГОРИ” ОД ДОБРА МУЗИКА: “The Hounds” во срцето на старата прилепска чаршија, ќе го прослават својот 16-ти роденден

Сподели го ова:
























Прилепскиот музички бенд The Hounds, e добро познат на прилепската јавност по духот на стилот и музиката која што овој бенд ја негува повеќе од една деценија, и благодарение на истата авторска музика, успешно опстојува како на прилепската, така и на македонската музичка сцена. Можеме слободно да кажеме дека се бренд на градот.

“Почитувани другари и другарки, наши пријатели
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на нашиот годишен роденденски концерт, кој ќе се одржи на 21ви Август 2024г, во центарот на чаршијата во Прилеп, пред клубот Калинка.
На сцената нема да сме сами, традиционално ќе не придружуваат наши колеги, уметници, артисти. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините прерасна во културен белег на градот, со преполн Прилеп и гости од цела Македонија.

Се гледаме на 21ви Август, во срцето на чаршијата, секогаш во среда – 16 години Хаундс” – стои во соопштението на овој популарен бенд.




Сподели го ова:

Слични објави