Побрзајте прилепчани ! Останаа уште малку билети за комедијата на Солза и смеа во Прилеп која ќе биде овој четврток во НУЦК “Марко Цепенков”
“Весел театар by BALADA” ви го претставува најновото комично шоу на “Солза и смеа” кои доаѓаат во Прилеп на 27.11.2025 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, каде ПРЕМИЕРНО пред прилепчани ќе ја изведат нивната најнова претстава “Чорапи”. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови…









