ТРАДИЦИОНАЛНО: Прилепчани како и секоја година така и оваа, во чест на празникот ќе го посетат параклисот посветен на Св. Трифун кај Склештен мост

Сподели го ова:































Денеска, по повод денешниот празник св. Трифун, прилепчани традиционално како и секоја година ќе се соберат кај параклисот посветен на Св. Трифун, кој се наоѓа кај месноста Склештен мост, во близина на Прилеп.

На денешното одбележување на празникот, се очекуваат кај овој параклис да присуствуваат голем број на посетители.

Името св, Трифун доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад. Основни центри во Византија каде што започнува почитта и култот кон светиот маченик, се Константинопол и Мала Азија. Крстоносците во 1204 година го заземаат Константинопол, така што со нивното влегување градот бил ограбен и опожарен. Покрај многуте бесценети работи, крстоносците ги земаат и моштите на св. Трифун и ги пренесуваат во Рим, па на тој начин неговата слава се раширува и на Запад. Најверојатно уште во Х век за прв пат започнува традицијата, св. Трифун да се нарекува покровител на земјоделците и лозарите.




Сподели го ова:

Слични објави