Пожар во куќа во с.Крушеани – пронајдено е едно безживотно тело
На 10.02.2023 во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција. При увидот, во една просторија пронајдено е безживотно изгорено тело. Пожарот е изгаснат од противпожарните единици од Битола…









