Прилепската чаршија “на големо зборува” за 4-те “прилепски фраери” кои неовластено зазеле плажа во Љубаништа

Сподели го ова:


























Како што информиравме претходно, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(64), М.И.(67), П.С.(41) и Б.Р.(63), сите од Прилеп, поради постоење на основано сомнение, дека истите сториле казнено дело „узурпација на недвижности“.

Имено, прилепската чаршија веќе два дена “на големо зборува” за овие четири “прилепски фраери” кои неовластено зазеле плажа во Љубаништа.

Претходно наведените лица на 19.08.2022 година, во атарот на с. Љубаништа-Охрид, неовластено зазеле плажа која што била покрај брегот на Охридското Езеро во државна сопственост, и без одобрение (од надлежен државен орган), противправно си поставиле камп единица, која била составена од камп приколки, шатори, и моторни возила кои биле адаптирани за кампување.




Сподели го ова:

Слични објави