Секоја чест! Битолски Водовод успешно го санира дефектот на водоводната мрежа (ПВЦ ф 315)
Почитувани, Ве известуваме дека дефектот на водоводната мрежа (ПВЦ ф 315) во населените места : Буковска населба, ул. Воден, Царински Терминал, Кравари, Оптичари, Егри, Гермијан, Кременица, граничен премин Меџитлија, Жабени и Лажец е успешно саниран. Водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непречено. Ви благодариме на разбирањето. Со почит, ЈКП Водовод Битола.









