Секоја чест! Економското училиште во Прилеп успешно го организира Меѓународниот средношколски форум на економски училишта
МЕЃУНАРОДНИОТ СРЕДНОШКОЛСКИ ФОРУМ НА ЕКОНОМСКИ УЧИЛИШТА, во организација на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, денеска создаде одлична можност да се разговара за една од најважните теми, за инвестирањето во младите како највреден капитал за успех.
На форумот, посветен на иднината на образованието, заедно со наставници, родители, ученици и експерти, беше потврдена заедничката визија дека знаењето, вештините и практичната подготовка се најсилната валута на младите генерации.

Како што објавивме во претходните наши објави, во рамките на денешниот настан беше организиран и Отворен ден, на кој идните средношколци имаа можност поблиску да се запознаат со образовните насоки, програмите и можностите што ги нуди СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп. Преку директна презентација на наставните содржини и практичната работа, учениците можеа да добијат појасна слика за својата идна професионална определба.


















