Тешка сообраќајна несреќа на ул.„Довлеџик“ во Битола
На 14.09.2026 во 14:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(61) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(45) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Н.Б., констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.


















