ФК „Победа“ денеска во 15:00 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе го пречека тимот на “Кожуф” од Гевгелија

Сподели го ова:


























Можно е да е слика од 6 луѓе и надвор

Екипата на Прилепска “Победа” моментално се наоѓа на втората позиција во “Втората македонска фудбалска лига во источниот регион”. Имено, Прилепска Победа е еден од најголемите конкуренти за првата позиција, а со самото тоа и враќање во првата лига. ФК „Победа“ денеска во 15:00 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе го пречека тимот на “Кожуф” од Гевгелија. Велешанецот Иванов ќе го суди денешниот меч со Кожуф, а Никола Иванов од Велес е делегиран како главен судија за овој фудбалски натпревар од 19 коло на Втората лига-Исток Победа-Кожуф, кој ќе се игра денес на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Ќе му помагаат сограѓаните Петар Новачев и Александар Ајдаров, а 4-ти судија ќе биде прилепчанката Ирена Велевачкоска. Делегат на натпреварот ќе биде Гоце Цветаноски од Демир Хисар а контролор на судењето Миле Стојчевски од Скопје.

Можно е да е слика од текст кој вели „A погеда Π ወወΜ 1922 втора мфл- исток 19 коло фK кожуф евгелиза u/1 фк победа сабота 12 март 2022 год -15ч градски стадион, фк кожуф влезница 50 денари“






Сподели го ова:

Слични објави