Денеска во ООУ “Блаже Конески” голем број на првачиња за учење “подадоа рачиња”
Во прилепското училиште кое го носи името на нашиот најголем амбасадор на македонската книжевност, денеска започна новата учебна година, а исто така имаше и свечен прием на слатките првачиња. Пред присутните, со свој говор се обрати прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, како и директорката на училиштето, Мартина Пројческа.

„Нашите првачиња заслужуваат посебно внимание и поддршка уште од првиот ден. Затоа, покрај бесплатниот училишен прибор, оваа година за првпат обезбедивме и финансиска поддршка од 3.000 денари за секое семејство кое го запишало своето прваче во општинските основни училишта. Веруваме дека со конкретни мерки можеме да им помогнеме на семејствата и да создадеме подобри услови за нашите најмлади ученици“ – истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.


















