Жалосна глетка во Битола! Од реката Драгор е извлечен починат битолчанец

Сподели го ова:





























Во СВР-Битола во текот на вчерашниот ден 08.06.2026, добиена е пријава дека во населба „Кланица“ кај м.в. „Дрвено мовче“ во реката Драгор, пронајдено било безживотно тело. Врз основа на постапка на препознавање било констатирано дека станува збор за В.К.(66) од Битола.

Доктор од Брзата помош констатирал смрт без траги на насилство, меѓутоа по насоките од страна на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Веднаш по пријавата, извршен е увид од страна наувидна екипа од СВР Битола.

Имено, починатото лице од страна на негов роднина било пријавено за исчезнато на 02.06.2026 во СВР Битола.




Сподели го ова:

Слични објави