Директорот Бабаноски: Денес нашето училиште беше побогато за многу нови насмевки, возбуда и детска радост

Сподели го ова:





























Денеска ООУ “Рампо Левката” – Прилеп, повторно се исполни со голем број на детски насмевки! Имено, во ова училиште, денеска започна првиот училишен ден, каде што градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, како и директорот на училиштето Жарко Бабаноски, на сите ученици им посакаа успешен почеток на новата учебна година!

Денес нашето училиште беше побогато за многу нови насмевки, возбуда и детска радост. Со свечен прием на кој беше присутен градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски им посакавме топло добредојде на новите првачиња и заедно го одбележавме нивниот прв училишен ден. На сите ученици им посакуваме среќен почеток, многу нови другарства, знаење, успеси и безброј убави моменти во новата учебна година! – истакна за СТАНИЦА.МК директорот на ООУ Рампо Левката – Прилеп, Жарко Бабаноски.




Сподели го ова:

Слични објави