Убави вести од Крушево! Оваа година за разлика од лани, има зголемен број на првачиња

Сподели го ова:





























Во Крушево започна новата учебна година. За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница, бидејќи само така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој.

Во Општина Крушево, се создадени сите неопходни услови за успешен почеток и тек на наставата.

Учебната година започна со надеж за остварување на високи образовни резултати како од страна на наставниците, така и од страна на учениците. Она што особено радува е фактот дека оваа учебна година во Крушево се запишани 12 првачиња повеќе од лани. Имено, минатата учебна година во училиштата на територијата на Општина Крушево биле запишани вкупно 50 првачиња, а оваа година бројката е зголемена за нови 12 ученици, односно вкупно 72 првачиња кои денеска седнаа во училишните клупи во Општина Крушево (52 првачиња во централното ООУ Никола Карев, а 20 првачиња во подрачните училишта во Крушево).




Сподели го ова:

Слични објави