Битолчанецот Мартин Ивановски со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е избран за Организационен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:





























Мартин Ивановски е избран за Организационен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

“Вечерва, со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ми беше укажана голема чест и доверба да бидам избран за Организационен секретар на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Искрено му благодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Hristijan Mickoski, како и на претседателот на УМС, Todor M. Koneski за укажаната доверба и можноста да бидам дел од ИК на Унијата на млади сили.

Благодарност упатувам и до ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола, како и до секој член и активист на УМС ВМРО ДПМНЕ Битола за поддршката, довербата и заедничката работа низ годините.

Мојот пат во УМС започна уште во средношколските денови. Ова назначување е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ ги препознава, вреднува и наградува трудот, посветеноста и резултатите на младите.

Благодарам за укажаната доверба. Таа за мене претставува чест и голема одговорност. Продолжуваме посветено, одговорно и со уште поголема енергија, во интерес на младите и на Република Македонија” – истакна Ивановски.




Сподели го ова:

Слични објави